| четврток, 6 декември 2018 |

Го возвраќа ли ударот Бранко Црвенковски?

За­е­ви­сти­те имаа до­вол­но вре­ме да по­ка­жат до ка­де мо­жат да ја уни­штат опо­зи­ци­ја­та. Тоа ја отво­ра вна­треш­на­та Пан­до­ри­на ку­ти­ја за ко­неч­на прес­ме­тка во СДСМ. Кој би бил пред­вод­ник во бор­ба­та на по­ли­тич­ки ду­хо­ви? Кој друг ако не - Бран­ко Цр­вен­ков­ски

Со пре­ста­ну­ва­ње­то на функ­ци­ја­та, не пре­ста­ну­ва и уло­га­та на по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. За тоа се опре­де­ле­ни кан­це­ла­ри­ја, еки­па и др­жа­вен бу­џет кој тре­ба да би­де иско­ри­стен за, нај­мал­ку, до­стој­но прет­ста­ву­ва­ње на др­жа­ва­та на со­од­вет­ни ме­ѓу­на­род­ни слу­чу­ва­ња и фо­ру­ми. За по­ра­неш­ни­те пре­тсе­да­те­ли се дво­јат осум про­цен­ти од бу­џе­тот пред­ви­ден за акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел. Та­ка, ла­ни во бу­џе­тот би­ле од­де­ле­ни по­мал­ку од 95 ил­ја­ди евра за функ­ци­о­ни­ра­ње на кан­це­ла­ри­ја­та на по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, до­де­ка за го­ди­на­ва око­лу 93 ил­ја­ди евра. При­тоа, по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел зе­ма пен­зи­ја во ви­си­на на пла­та­та на акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел, си из­би­ра трич­лен пер­со­нал во ка­би­не­тот, му сле­ду­ва во­зи­ло и во­зач, а за­кон­ски ги ко­ри­сти и ус­лу­ги­те од за­ед­нич­ки­те вла­ди­ни служ­би.

Се­ка­ко, во ма­ке­дон­ски­от слу­чај, по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел мо­же да по­мог­не во прив­ле­ку­ва­ње­то стран­ски ин­ве­сти­ции, во бор­ба­та за за­чу­ву­ва­ње и пре­зен­та­ци­ја на ма­ке­дон­ска­та по­себ­ност и (пред сѐ) име, прет­ста­ву­ва­ње на ту­ри­стич­ки­те по­тен­ци­ја­ли. Ма­ке­до­ни­ја од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то и плу­ра­лиз­мот брои трој­ца по­ра­неш­ни пре­тсе­да­те­ли. За жал, од нив Ки­ро Гли­го­ров и Бо­рис Трај­ков­ски се по­чи­на­ти, а Бран­ко Цр­вен­ков­ски дејс­тву­ва пов­ле­че­но од јав­но­ста. На­чи­ни­те и мож­но­сти­те за по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел да учес­тву­ва во ме­ѓу­на­род­ни­от ја­вен жи­вот се го­ле­ми. Но, се чи­ни не тол­ку го­ле­ми кол­ку што е го­лем Бран­ко Цр­вен­ков­ски.

Спо­ред офи­ци­јал­на­та др­жав­на веб-стра­ни­ца, пос­лед­на­та актив­ност на Бран­ко Цр­вен­ков­ски би­ла де­ле­ње но­во­го­диш­ни па­кет­чи­ња на де­ца на кра­јот на 2011 го­ди­на. До­кол­ку, пак, се по­ви­ка јав­на­та ме­мо­ри­ја, пос­лед­но­то обра­ќа­ње бе­ше ме­ша­ње во ра­бо­та­та на СДСМ ко­га пре­ку стран­ски ме­ди­у­ми упа­ти апел до со­пар­тиј­ци­те за ли­дер да би­де из­бран Пен­да­ров­ски на­ме­сто За­ев. И от­то­гаш му се гу­би тра­га­та. Ду­ри не­ма ни­ту сред­би со мно­гу­број­ни­те ме­ѓу­на­род­ни прет­став­ни­ци, акту­ел­ни и по­ра­неш­ни, што ја по­се­ти­ле др­жа­ва­та.

Па, што пра­ви Цр­вен­ков­ски? Да­ли не­кој ве­ру­ва де­ка чо­ве­кот што се вра­ти во СДСМ, нај­а­ву­ван ка­ко ме­си­ја, од пре­тсе­да­тел­ска­та фо­тел­ја, се­га пен­зи­о­нер­ски­те де­но­ви ги ми­ну­ва за­ни­ма­вај­ќи се со не­кое се­којд­нев­но хо­би – хор­ти­кул­ту­ра, шах, по­се­та на зе­ле­ни­те па­за­ри? Де­ка не­го­ва­та до­ка­жа­на жел­ба за моќ и вли­ја­ние е по­тис­на­та со „не­пос­луш­но­ста“ од за­е­ви­сти­те кои, ра­ка на ср­це, си има­ат ма­ка со иде­и­те што по­на­та­му?

Од­го­во­рот, спо­ред до­бро упа­те­ни пар­ти­ски из­во­ри, се­ка­ко, е „не“. Ве­лат, не се слу­чај­ни но­ви­те проб­ни ба­ло­ни за но­ва опо­зи­ци­ја изра­зе­ни пре­ку те­ле­ди­ри­ги­ра­ни по­е­дин­ци и со­ци­јал­ни­те мре­жи за ре­брен­ди­ра­ње на опо­зи­ци­ја­та. Во под­во­е­но­ста во членс­тво­то, осо­бе­но по мар­ги­на­ли­зи­ра­ње­то на „скоп­ско­то кри­ло“ и на вид­ни лич­но­сти од пар­ти­ја­та, во овој пер­и­од на комп­лет­на па­у­за во пар­ти­ја­та , се гле­да од­лич­на мож­ност за вра­ќа­ње на „па­па­та“.

 

aktuelno126-2

 

По­ли­тич­ко дви­же­ње – БРАН­КО

Бран­ко Цр­вен­ков­ски, да­ле­ку од очи­те на јав­но­ста, око­лу се­бе еки­пи­ра тим од „ста­ри вол­ци“ со кои се кро­јат пла­но­ви да­ли се има ка­па­ци­тет за пре­зе­ма­ње на пар­ти­ја­та или, пак, е по­до­бро да се офор­ми со­се­ма но­ва пар­ти­ја, ко­ја би би­ла ис­чи­сте­на од „гре­во­ви­те“ на она што оста­на од СДСМ.

Ме­ѓу тие на кои се гле­да ка­ко но­ва гар­ни­ту­ра во таа „со­се­ма но­ва“ по­ста­ва во по­ли­ти­ка­та, пред сѐ во­дат звуч­ни ими­ња, ка­ко На­та­ша Са­во­ва, во ко­ја се пре­поз­на­ва но­ви­от ге­не­ра­лен се­кре­тар на пар­ти­ја­та. Се сме­та и на искус­тво­то, бун­тов­но­ста и не­у­мор­но­ста на Ја­ни Ма­кра­ду­ли, но и на Есад Ра­хиќ, ка­ко и на дел од тие што се во ти­мот на За­ев, но се во втор план.

Во таа но­ва по­ста­ва, ве­лат поз­на­ва­чи­те, ги не­ма ими­ња­та на тие што се „огре­ши­ја“ и по­ка­жаа до­вол­но не­по­чи­ту­ва­ње. Пред сѐ го не­ма Ки­ре На­у­мов, од ко­го, ве­лат, Цр­вен­ков­ски бил мно­гу на­вре­ден, но го не­ма ни­ту по­ли­ти­ча­рот во ко­го мно­гу­ми­на гле­даа реп­ли­ка на Цр­вен­ков­ски во СДСМ. Игор Ива­нов­ски, поз­нат ка­ко Ше­ма, пад­нал во не­ми­лост отка­ко се доз­на­ло де­ка пре­го­ва­рал за вид­но ме­сто при офор­му­ва­ње­то на ГРОМ. Иа­ко пре­го­во­ри­те за­вр­ши­ле не­ус­пеш­но, по­ра­ди го­ле­ми­те оче­ку­ва­ња на Ива­нов­ски нас­про­ти ма­ла­та до­вер­ба од ГРОМ, се­га тој го за­гу­бил обра­зот за но­ви­от тим „про­ве­ре­ни“.

Тоа што изг­ле­да ка­ко нај­го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње е спом­ну­ва­ње­то на име­то на цен­тар­ски­от та­тко во оваа но­ва опо­зи­ци­ска по­ли­тич­ка по­ну­да. По не­го­ва­та нај­а­ва де­ка не­ма на­ме­ра да оста­не ли­дер на ЛДП, нај­ма­ли­от брат на СДСМ, но­во­то вр­те­ње на Жер­нов­ски се сме­та де­ка ќе би­де са­мо пос­лед­но во не­го­ва­та ни­за. За по­тсе­ту­ва­ње, во вре­ме­то на са­мо­стој­но­ста на ЛДП за­ста­на про­тив Цр­вен­ков­ски; сле­ду­ва­ше пер­и­од ко­га за­ста­на со не­го и со За­ев на ба­ри­ка­ди­те; па оста­на со За­ев без Цр­вен­ков­ски; за се­га по­втор­но да го гле­да­ат за­ед­но со Цр­вен­ков­ски во бор­ба­та за прев­ласт со За­ев. Всуш­ност, да би­де­ме ре­ал­ни, чо­ве­кот точ­но про­це­нил кој мо­же да му обез­бе­ди нов „плас­ман“ на след­ни­те из­бо­ри, при­тоа да не се до­ве­де во си­ту­а­ци­ја да де­ли тег­ли ај­вар и кор­ни­шо­ни со име­то СДСМ, да учес­тву­ва во не­кој нов по­гре­бен на­стан, да ле­пи пе­то­кра­ки, или, пак, да де­ли цр­ве­ни ро­зи по ули­ци­те за 8 Март.

Но­ва­та по­ста­ва ве­ќе го опи­пу­ва пул­сот за ор­га­ни­за­ци­ска по­ста­ве­ност и дејс­тву­ва­ње низ др­жа­ва­та. И не за­чу­ду­ва де­ка ова дви­же­ње ве­ќе осво­ју­ва сим­па­тии кај по­ве­ќе­то мес­ни, град­ски и оп­штин­ски клу­бо­ви. Ме­ѓу нив, би ги истак­на­ле со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те од Ки­че­во и Ки­чев­ско. При­чи­ни­те се јас­ни. По ло­кал­ни­те из­бо­ри, ко­га СДСМ го под­др­жа за­ед­нич­ки­от кан­ди­дат на ВМРО-ДПМНЕ, освен што лаж­но го пот­тик­на сво­е­то членс­тво вед­наш по из­бо­ри­те на по­дел­би во гра­дот, за­е­ви­сти­те ги за­бо­ра­ви­ја сво­и­те гра­ѓа­ни (на кои, па­тем, им ја скро­и­ја ка­па­та). От­та­му,единс­тве­но што оче­ку­ва­ат е ки­чев­ци да оста­нат во фо­ку­сот на вни­ма­ни­е­то на СДСМ, ба­рем по­ло­ви­на од вни­ма­ни­е­то што им го по­све­ту­ва ВМРО-ДПМНЕ на те­рен.

Мно­гу слич­на е со­стој­ба­та и во Охрид и Охрид­ско. Во гра­дот што бе­ше ба­сти­он на СДСМ пред оп­шти­на­та да пад­не во вмров­ски ра­це, се­га охрид­ски­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти се оста­ве­ни на ми­лост и не­ми­лост, са­ми на се­бе, да се оби­ду­ва­ат да ја вра­тат до­вер­ба­та кај со­гра­ѓа­ни­те, а при­тоа цен­трал­но­то ра­ко­водс­тво про­дол­жу­ва да им ја на­ру­шу­ва сли­ка­та за нив. Ка­пак на сѐ, од спро­ти го има­ат Ба­кра­че­ски, а на сво­јот грб уште ги има­ат „гре­во­ви­те“ на Пе­тре­ски.

Во мно­гу слич­на си­ту­а­ци­ја се и град­ска­та и оп­штин­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја во Ге­вге­ли­ја, не­ко­гаш­но упо­ри­ште на СДСМ од ка­де што про­из­лег­ле ка­дри кои ви­со­ко ко­ти­ра­ле во пар­ти­ја­та, за се­га ВМРО-ДПМНЕ да ја по­твр­ди до­ми­на­ци­ја­та во оп­шти­на­та. Во та­кви­те си­ту­а­ции, без мал­ку, се пре­поз­на­ва­ат си­те раз­гра­но­ци на СДСМ, па за­тоа и не е за чу­де­ње де­ка по­стои огром­на вол­ја да се сто­ри не­што за да се со­чу­ва обра­зот, ма­кар и во опо­зи­ци­ја.

Ин­те­рес­но е што за­до­волс­тво од за­е­ви­сти­те не­ма ни­ту во две­те оста­на­ти оп­шти­ни на СДСМ, Ку­ма­но­во и во род­на­та Стру­ми­ца на За­ев. За по­пу­лар­ни­от Циц со­пар­тиј­ци­те ве­лат де­ка е чо­век што има спо­соб­ност по­дол­го вре­ме да се­ди на два сто­ла, од­нос­но да ви­ди што ќе се из­не­дри од бор­ба­та во ма­ке­дон­ска­та ле­ви­ца, па да оди­гра на си­гур­но. Во Стру­ми­ца, пак, пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри по­ка­жаа де­ка на стру­ми­ча­ни им е пре­ку гла­ва од вла­де­ни­е­то на За­е­ви, кои во по­ли­тич­ка­та би­тка „ја оку­пи­раа“ еко­но­ми­ја­та во оп­шти­на­та. Се­га и оп­штин­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја, од­нос­но тие што За­ев не ги по­ве­де во цен­тра­ла­та во Скоп­је, на „Па­вел Ша­тев“, не­ма­ат мно­гу из­бор ка­ко да им об­јас­нат на со­гра­ѓа­ни­те де­ка до­де­ка пар­ти­ја­та не­ма про­гра­ма и гу­би из­бо­ри, глав­ни­от лик се за­ни­ма­ва со ѕи­дарс­тво, на­ем­ни­ни за ду­ќа­ни по дам­пинг це­ни, но и со др­же­ње во ра­ка на нај­го­ле­ми­от дел од аграр­ни­те слу­чу­ва­ња во оваа пре­теж­но ра­но­гра­ди­нар­ска оп­шти­на.

 

Но­ва пар­ти­ја или де­брен­ди­ра­ње

Тоа што се­га е глав­на­та кал­ку­ла­ци­ја е што се слу­чу­ва со поз­на­та­та трој­ка на Бран­ко Цр­вен­ков­ски во вр­вот на За­е­ви­от СДСМ? Иа­ко пос­лед­ни­от глас од се­виш­ни­от сдсмо­вец го слуш­нав­ме на пос­лед­ни­от кон­грес ко­га од стра­на го под­др­жа Сте­во Пен­да­ров­ски за ли­дер на пар­ти­ја­та, не­за­вис­ни­от пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат оста­на во служ­ба на За­ев. Со не­го во пар­ти­ја­та, Цр­вен­ков­ски го има за­о­кру­же­но „од­мет­на­ти­от“ За­ев за да мо­же да го от­стра­ни за­ед­но со си­те дла­бо­ки „ме­та­ста­зи“ во пар­ти­ја­та. Од­нос­но да го зе­ме са­мо тоа мал­ку вред­но што е оста­на­то од неа во оваа но­ва, во­скрес­на­та ва­ри­јан­та.

По­крај Пен­да­ров­ски, Цр­вен­ков­ски се­ко­гаш мо­жел да се пот­пре на Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска. Ка­ко за­ме­на на Зо­ран За­ев, таа до­се­га не­ма­ше ни­ка­ква од­го­вор­ност за слу­чу­ва­ња­та по­вр­за­ни со опо­зи­ци­ја­та. Глав­ни­от лик пред јав­но­ста оста­на За­ев, за таа да би­де зад­нин­ски­от пла­нер на не­го­ви­те на­ста­пи. На при­мер, да го убе­ди За­ев да по­ра­чу­ва де­ка е но­ви­от пре­ми­ер или во јав­но­ста да пла­си­ра раз­ни­те нај­а­ви за бом­ба­стич­ни афе­ри. Всуш­ност, тер­ми­нот „бом­ба“ во јав­но­ста го ра­ши­ри ток­му Ше­ке­рин­ска за­ед­но со не­кол­ку­те­ми­на до­ми­нант­ни ме­ди­ум­ски под­др­жу­ва­чи.

Тре­ти­от чо­век што ќе се вра­ти во ја­то­то на Цр­вен­ков­ски во таа но­ва фор­ма е Ми­ле Зе­че­виќ. За­дол­жен за мре­жа­та на СДСМ низ др­жа­ва­та, ја знае точ­на­та со­стој­ба, го има де­те­кти­ра­но не­за­до­волс­тво­то опи­ша­но прет­ход­но за да мо­же од нив да кре­и­ра но­во ја­дро. При­тоа, со стек­на­то­то зна­е­ње во служ­би­те во кои дејс­тву­ва­ше ка­ко ка­дар на Цр­вен­ков­ски, знае ка­ко да вос­по­ста­ви сво­ја мре­жа ко­ја, до­кол­ку е по­треб­но, на ед­но­ста­вен сиг­нал би из­ве­ла ло­ка­лен блиц­криг.

Но, кој би бил мо­ти­вот за та­кво тај­но, ду­ри на ни­во на за­го­вор, дејс­тву­ва­ње на Бран­ко Цр­вен­ков­ски и на не­го­ви­те при­вр­за­ни­ци? Пр­во, на­чи­нот на кој За­ев ја пре­зе­де пар­ти­ја­та во мо­мен­ти на ис­праз­не­та пар­ти­ска ка­са со па­ри­те в ра­ка; вто­ро, не­го­во­то са­мо­во­лие, ме­ѓу­чо­веч­ки од­но­си за­ле­а­ни со сме­на на сѐ и се­ко­го со, ка­ко што ги оце­ну­ва­ат во пар­ти­ја­та, не­до­вет­ни ка­дри за што осо­бе­но му се лу­ти во Скоп­је; и се­ка­ко нес­мас­ни­от обид за по­пу­ли­зам со шмек на ло­ка­лен ше­риф во стру­мич­ка Ба­ни­ца.

Глав­но­то дви­жеч­ко мо­то, ка­ко суб­ли­мат на се­то на­ве­де­но, се­пак, се збо­ро­ви­те по за­вр­ше­ни­те из­бо­ри на кои За­ев го нас­ле­ди Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз: „Прее*аме ги скоп­ја­ни!“

 

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 126. број на неделникот „Република“, 30.01.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top