Роберто Манчини мачи мака да го стабилизира Интер, а особено боли начинот на кој се елиминирани од Наполи во четврт-финалето од Купот на Италија.
Гонзало Игуаин постигна гол во третата минута од продолжението, а многу лесно мина крај заспаната одбрана на Интер. Наполи со тој погодок си обезбеди пат кон полуфинална пресметка со Лацио.
– Бевме како збунето јато птици кои немо ја следат ситуацијата. Тоа е недозволено во кој било сегмент од мечот, а особено во самиот финиш кога секоја грешка скапо се плаќа. Бевме премногу меки, а Игуаин е мошне интелегентен играч и не казни. Имавме 5 фудбалери против него и затоа велам дека е смешно да примиме таков гол – вели Манчини.
За Интер ова е трет пораз во низа, што не најавува излез од резултатската криза. Во купот битката и титулата се загубени, а и во Калчото „нероаѕурите“ стојат лошо, на 13. позиција со 26 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



