Младиот брат на Парис Хилтон предизвикал вистинска драма во авион, а на крај само додал дека неговиот татко ќе плати сѐ.
Конрад Хилтон, младиот брат на богатата наследничка Парис Хилтон, е уапсен во Лос Анџелес откако предизвикал драма во авионот. Многу очевидци изјавуваат дека дваесетгодишникотт бил безобразен кон вработените и им се заканувал на сите околу него. „Сите ќе ве убијам, ќе ве распарчам и ќе станам сопственик на сите што се сега во авионот“, извикувам Конрад.
Сведоците изјавуваат дека во еден момент почнал насилно да удира по заштитната ограда, а исто така изјавиле и дека се почувствувал мирис од марихуана од тоалетот во авионот.
Во еден момент младиот Хилтон заспал, а полотот наредил да го врзат со лисици за седиштето, а потоа се заканувал дека ќе ги среди сите и ќе направи сите да ги отпуштат од работа.
Но, младиот наследник има решение за сѐ и наводно за неговото однесување била крива таблетата за спиење која ја испил пред летот, а целосната приказна ја поддржува и неговиот адвокат Роберт Шапиро.
Извор близок на семејството изјавил дека веднаш по овој инцидент Конрад се пријавил на програмата за одвикнување која ќе трае 30 дена. Морал да ја предаде патната исправа за да не ја напушти Калифорнија и да плати кауција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.