| четврток, 6 декември 2018 |

Челси продаде цел тим за 200 милиони евра и пак е прв на табелата

Познато е дека ако Жозе Мурињо не те сака во тимот, тогаш ќе бидеш експресно продаден. Со враќањето на Португалецот на клупата на Челси пред година и пол, тимот успеа да заработи од продажба на стандардни фудбалери околу 200 милиони евра и повторно да биде убедливо прв на табелата во премиер лигата.
Кога некој друг тим би ги имал играчите како што се Шурле, Мата, Луис, Лукаку, Лампард, Де Брујн тогаш секако би бил еден од најдобрите во било која најјака европска лига.
Жозе Мурињо успеа да се ослободи од играчите на кои јавно изјави дека нема да смета во иднина и на тоа одлично да заработи. Без да го оптовари буџетот на тимот и џебот на мултимилијардерот и сопственик на Челси Роман Абрамович тој направи екипа која е страв и трепет за сите тимови во Европа и во Англија секако.

Лидерот во Премиер лигата од овие играчи кои ја напуштија екипата би составил тим кој секако би се борел за место кое води во Лигата на шампионите, а притоа во клупската каса се слеа огромна сума на пари и со тоа Челси нема да има проблем со финансискиот фер плеј на УЕФА.

Тимот е составен во формација 4-2-3-1 и на секоја позиција се наоѓа играч кој денеска во своите клубови играат важна улога.

Марк Шварцер е на голот кој сепак е најслабата алка во овој тим. Тој во овој преоден рок премина во редовите на Лестер.
Лев бек е играчот на Рома Ешли Кол кој важи за еден од најдобрите светски фидбалери на оваа позиција. На спротивната страна е Рајан Бертранд играч кој никогаш немал шанса да се докаже во Челси, а тимот од Лондон на него заработи 13 милиони евра продавајќи го Саутемтпон.
Стоперскиот тандем го сочинуваат Давид Луис и Џефри Брума кои заедно чинат повеќе од 50 милиони евра.

Во дефанзивната линија од средниот ред се играчите Френк Лампард и Михаел Есиен кои долги години беа неприкосновени во Премиер лигата.

Најјакиот адут на овој тим би била офанзивната линија од средниот ред, а нејзе ја сочинуваат Андреа Ширле, Хуан Мата и Кевин Де Брујн кои заедно вредат речиси 100 милиони евра и кои сега се главни алки во Манчестер Јунајтед и Волфсбург.
Во нападот е секако Ромелу Лукаку за кој „сините“ од Лондон може многу да жалат бидејќи младиот Белгиец се спомнуваше како достојна замена за Дидие Дрогба, но за него Мурињо успеа да заработи 36 милиони евра продавајќи го на Евертон.

celsi

Затоа и вистискиот прекар на Мурињо е „Посебниот“ бидејќи продаде играчи кои чинат 200 милиони евра и повторно е прв на табелата во Премиер лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top