Џихадисти од терористичката група Исламска држава го убија во Северен Ирак христијанскиот свештеник Пол Јакуб, киднапиран пред осум месеци, јави ТАСС. Убиството било извршено во градот Мосул, административен центар на провинцијата Ниневија, која одамна е под контрола на екстремистите. Долго време немаше информација за судбината на свештеникот. Од август 2014 година, меѓународната коалиција, предводена од САД, нанесува воздушни напади врз позициите на Исламска држава во Ирак и во Сирија. Исламската држава контролира големи територии во Сирија и во Ирак од јули 2001 година, тероризирајќи го локалното население, а особено христијанското.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Радост, насмевки, честитање – џихадист слави што ќе се разнесе со бомба (ВИДЕО)
-
Забите го издале: Наместо 12-годишен сирак од Авганистан, вдомила 21-годишен џихадист
-
На џихадист во Суматра не му се активираше бомбата, па со секира го нападнал свештеникот, но мештаните му се одмаздија (видео)
-
Судот во Хаг обвини џихадист од Мали за уништувањето на Тимбукту (фото)



