| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ има план Б – да ги делегитимира и оспори локалните избори

Последните анкети на МЦМС и Институтот за демократија покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водтсво и сигрно ќе победи во Прилеп, Штип, Велес, Аеродром и Битола, градоначалничката трка во Велес е неизвесна, додека Заев води во Струмица, но не со толку голема разлика според очекувањата на опозициската партија

Опозициската СДСМ откако стана свесна дека не може да го избегне поразот на претстојните локални избори, премина во нова, втора фаза или план Б со кој планираат да ги делегитимираат изборите. Резултатите од последните анкети на јавното мислење покажуваат дека кандидатот на СДСМ далеку заостанува во рејтингот на кандидатот на владејачката коалиција.

Последните анкети на МЦМС и Институтот за демократија покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водтсво и сигрно ќе победи во Прилеп, Штип, Велес, Аеродром и Битола, градоначалничката трка во Велес е неизвесна, додека Заев води во Струмица, но не со толку голема разлика според очекувањата на опозициската партија.

Според аналитичарите, почнатата предизборна кампања се одвива во фер и демократска атмосфера, но со таквиот став не се согласуваат од  СДСМ. Оттаму се очекува, соочени со слабиот рејтинг, да почнат да измислуваат причини кои тие ќе ги дефинираат како изборна нерегуларност.

branko-crvenkovski

Наспроти идеите на СДСМ, дури и ОБСЕ имаше прв позитивен извештај, пренесен усно. Извештајот нема ниту една суштинска забелешка за евентуални нерегуларности.

Партијата чиј лидер е Бранко Црвенковски, ќе се повика на 210-те претставки кои имаат поднесено, а со сигурност ќе подготват и нови.

-Сметано до денес, нашиот правен тим има евидентирано дека во периодот од 16 февруари до 04 март на полноќ, пред официјално и законски да започне кампањата, кандидатите на ВМРО ДПМНЕ преку јавни собири, плакатирање, медиумско, интернет и друг тип на претставување директно ги прекршиле изборните правила свесно ставајќи се во повластена позиција – изјави Игор Ивановски во четвртокот.

Како што е познато во партиските кругови, Црвенковски веќе испратил и поплаки кај некои странски политичари, а отворена е можноста тој да не ги признае изборните резултати.

Добро упатените велат дека токму ваквото сценарио е она што следно ќе го спороведе опозицијата. Се очекува уште од понеделник да има од нивна страна поплаки, претставки, жалби и критики, а се со една цел: Изборите на кои е извесно дека ќе загубат, според сите анкети, да ги прогласат за нелегитимни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top