Десетте нови фотографии на Кастро се обелоденети на веб-сајтот „Cubadebate“, пренесоа американските медиуми.
Средбата меѓу Фидел Кастро и студентскиот лидер Ренди Пердома Гарсија се случила на 23 јануари.
Ова се први фотографии на револуционерниот лидер од август минатата година кога беа објавени фотографии на кои Кастро е со венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Британските медиуми наведуваат дека на најновите фотографии Кастро е малку подгрбавен додека седи и разговара со студентот.
Шпекулациите за здравјето на Кастро се засилија од 17 декември кога неговиот помлад брат и актуелен кубански претседател, Раул Кастро, и американскиот претседател Барак Обама објавија дека двете земји ќе ги обноват своите дипломатски односи.
Кастро, кој периодично пишува колумни, се немаше огласено за оваа историска објава на двајцата претседатели се до пред една недела кога даде прилично млака поддршка на договорот на својот брат со Обама, потсетуваат британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



