| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Германија нема да доставува оружје за Украина

Германија нема да доставува оружје за Украина. Ние сме за дипломатско решавање на конфликтот меѓу Киев и сепаратистите, изјави денеска во Будимпешта германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа се наоѓа во петчасовна посета на Унгарија. За неколку недели кај унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе биде и рускиот претседател Владимир Путин.

Германски медиуми јавуваат дека тие термини имаат симболика во унгарското „одење по жица“ меѓу Истокот и Западот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top