| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Змејовата невеста“ од Стојан Стојков во МОБ

Во Македонската опера и балет беше најавена премиерната изведба на новото дело на истакнатиот македонски автор и педагог Стојан Стојков кое ќе биде изведено од страна на Македонската Опера и Балет. Операта „Змејовата невеста“ ќе се случи по цели 10 години од последната премиерна изведба на опера напишана од македонски автор, делото „Лидија од Македонија“ на Ристо Аврамовски. Таа е една од поголемите музичко-сценски форми која е поддржана од страна на Министерството за култура во насока на поттикнување на домашното творештво и создавање на дела од различни жанрови и за различни музички формации.

-Уверена сум дека ова македонско дело во чија што изведба е вклучена македонска солистичка екипа под диригентската палка на маестро Саша Николовски-Ѓумар и режисерот Дејан Пројковски ќе ни понуди една симбиоза на традицијата и современоста, една нова естетика која се одликува со кумулативниот музички стил на композиторот Стојан Стојков. Специфичкиот авторски сензибилитет на овој автор кој е еден од најплодните македонски композитори, е многу добро познат на македонската и на странската јавност. Неговото творештво е мошне карактеристично и препознатливо,  Стојков се смета за еден од највлијателните претставници на неофолклоризмот во македонскиот композиторски стил. Во оваа смисла, уверена сум дека оваа опера со сите свои обележја кои се содржат во самиот идиом на македонскиот фолклор ќе опстои уште многу години на репертоарот на Македонската Опера и Балет како дело кое изворно го прикажува македонскиот креативен уметнички израз, рече меѓу другото министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top