Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, заедно со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, и со Кризниот штаб од општината денеска се на терен за да се информираат за состојбата по обилните врнежи и невремето викендов.
Тој ги посети населените места Тополчани и Чефигово каде што каналот Блацо се влева во Црна Река.
Според Ставрески, состојбата е, навистина, сериозна, но во овие околности е под контрола.
-Обилните врнежи во пелагонискиот регион оставија сериозни последици и состојбата е, навистина, сериозна во сите општини и населени места во регионот. Состојбата бара зголемена будност и наше максимално ангажирање – рече Ставрески.
Вицепремиерот нагласи дека се мобилизирани сите екипи со градоначалниците и кризните штабови.
– Преземени се сите мерки да се обезбеди животот на граѓаните и да се намалат материјалните штети. Во некои села во општините Прилеп, Новаци, Могила и Кривогаштани се поплавени куќи, пред сè подрумски простории. Постепено во текот на денешниов ден водата се повлекува и се надеваме дека најлошото е зад нас, но мора да бидеме на терен да им помогнеме на граѓаните – изјави Ставрески.
Вицепремиерот и министер за финансии, Ставрески, очекува полицијата, војската, центрите за кризи со кризните штабови и јавните претпријатија и со градоначалниците да ја надминат состојбата на теренот.
– Состојбата во овие околности е под контрола, треба да останеме будни, но, сепак, сè зависи од временските услови – рече Ставрески.
Тој својата посета во пелагонискиот регион ја продолжува во општините Могила и Новаци. Според информациите од Центарот за управување кризи, во прекин е регионалниот пат Прилеп – Кривогаштани, кај селото Врбјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Исчезнато 21 – годишно момче од Прилеп
-
Летале шишиња и тупаници, масовна тепачка среде бел ден во центарот на Прилеп
-
Нехигиената стана атракција во Прилеп: Дали странски туристи со кофи ловат жаби во прилепските фонтани? (галерија)