Британската амбасада во Македонија порача дека Обединетото Кралство ги прими со загриженост информациите за поднесувањата обвиненија за Зоран Заев, лидер на опозицијата, и за три други лица.
– Овие обвиненија се многу сериозни, и Обединетото Кралство одблиску го следи развојот на настаните. Од основна важност е, како и во секој судски случај, сите институции во Македонија да ги почитуваат принципите на владеење на правото, вклучително и пресумпцијата на невиност, и да ги исполнат највисоките меѓународни стандарди во процесот – се вели во соопштението од британската амбасада.
Се изразува и загриженост од влошувањето на политичкиот дијалог во земјата.
– Обединетото Кралство, исто така, изразува загриженост за влошувањето на политичкиот дијалог во земјата и ги повикува политичките партии да направат сѐ што можат за да се подобри состојбата – соопшти амбасадата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.