| четврток, 6 декември 2018 |

Втор син за Андријана Јаневска

andrijana

Македонската пејачка Андријана Јаневска синоќа во Гинекологија Чаир на свет го донесе своето второ дете. 

– Се чувствувам како кралица, тројца мажи ме чуваат. Долгата непроспиена ноќ ми донесе нова радост во мојот живот, синот Кристијан. Да си жив и здрав, сине мој и само радост да ни носиш! – сподели Јаневска на социјалните мрежи.

Ова е втор син за пејачката, која со сопругот Драган Гиновски-Гино, инаку гитарист во групата „Архангел“, веќе го имаат синчето Димитар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top