| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците во Австралија: Однесувањето на Заев е срам за демократијата и велепредавство

Најновите збиднувања во Република Македонија не нѐ оставија рамнодушни и писмено би сакале да го изнесеме нашето незадоволство за тоа како некои политичари во Република Македонија, сѐ со цел да дојдат на власт, се поигруваат со довербата на граѓаните која се заслужува на избори, а не преку соработка со странски тајни служби како и уцени и закани до највисоките државни органи, се вели во соопштението од Македонската добротворна организација од Мелбурн.

– Овој  е најдолниот чин на политичко однесување од страна на кој било политичар во Македонија досега и е срам за демократијата. Секаде во светот се добива власт само со презентирање на  креативна и просперитетна програма за сите граѓани, а не со вакво велепредавство кое се гледа и се цени како најнизок степен на комуникација која не би се очекувала од еден  политички лидер – велат Македонците од Австралија.

Во Австралија, Македонците останаа вчудовидени од овој срамен чин кој досега се нема случено од постоењето на македонската држава.

Засрамени сме од сето тоа и безрезервно ја даваме поддршката на Владата  на Република на Македонија да продолжи со она за што е избрана, економските реформи, отворање нови работни места и подобрување на животниот стандард за сите граѓани на Република Македонија. Ваквиот велепредавнички начин на однесување ќе има сериозни последици по угледот на нашата држава во меѓународната заедница, како и насекаде во светот.

Искрено, се надеваме дека таканаречениот политичар ќе донесе мудра одлука, дека разумот ќе ја надвладее гордоста и ќе преовладува љубовта кон својата земја и народ и ќе го прекине овој процес на великопредавство на земјата која ни е оставена од нашите предци да ја градиме за нашите идни генерации, порачаа од Македонската добротворна органицација од Мелбурн.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top