| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона и Севилја имаа ист рецепт за победа

Барселона и Севилја се задржаа во квартетот најдобри во шпанското првенство со победи по ист рецепт со по 3-2. Севилја со многу мака го скроти ривалот од Барселона, тимот на Еспањол. Андалузијците имаа негатива од 0-1, но направија пресврт и со голот на Аспас во 89. минута прокнижија значајна победа.

Mesi-i-Suarez

Барселона со експресен пресврт за само два последователни напади во 54. и 55. минута направи пресврт против Вилјареал и триумфираше со 3-2. Гостите водеа двапати со 1-0 и 2-1, но немаа сили да ги издржат нападите на домаќините. Рафиња и Меси беа прецизни и го креираа пресвртот во второто полувреме.

Барселона е на втората позиција на табелата со 50 бода, еден помалку од Реал Мадрид, но и со меч повеќе. Севилја има 42 бода, а пред неа е и Атлетико Мадрид со 47 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top