Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Претор, 26 литри на квадратен метар, 16 во Битола, 15 во Маврово, 11 во Тетово, 10 во Пожаране, 9 во Прилеп и во Охрид.
По 8 литри на квадратен метар се наврнати во Тополчани, 6 во Берово, 5 во Скопје-Петровец и во Крушево, 4 во Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, 2 во Штип, Струмица и во Крива Паланка, а по 1 литар во Демир Капија, Дојран, Куманово, Струмица и во Пожар.
Според УХМР, изутрината во седум часот е измерена највисока снежна покривка од 64 сантиметри на Маврови Анови, 51 во Крушево, 11 Пожаране, 6 Претор и Тетово, 5 Охрид, 3 Прилеп и 2 сантиметри во Тополчани.
Најниска температура под минус 4 Целзиусови степени е измерена во Маврово, -2 Крушево, -1 Тетово, Скопје-Петровец и Крива Паланка, 0 Куманово, Скопје-Зајчев Рид и Берово, 1 Битола, Претор, 2 Охрид и Прилеп, 3 Кавадарци, 4 Штип, Виница, Струмица и Демир Капија, 5 Гевгелија, 6 Дојран.
Според УХМР, во поголемиот дел од земјава облачноста се намали и преовладува сончево време со умерена облачност, а во источните делови претежно облачно. Врнежите се престанати. Моментно нова облачна маса ги зафати југозападните делови, и од оваа облачна маса во текот на денот се очекуваат врнежи. Дува слаб ветер од јужен правец.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи претежно од снег со послаб интензитет, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец..
Во Скопје променливо облачно време попладне со повремен снег со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Преодно стабилизирање на времето се очекува во вторник, а потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.