| четврток, 6 декември 2018 |

Гана без маана, БСК го елиминира Алжир

Гана со успех и победа го почна интересниот пат во завршницата на африканскиот Куп на Нации, а првиот дел од двомечот со двете Гвинеи го реши со триумф од 3-0. Против Гвинеа Атсу со два гола и Апија со еден погодок ја одведоа Гана во полуфиналето, каде противник ќе им биде уште една Гвинеа, овојпат домаќинот на турнирот, Екваторијална Гвинеа.

bsk

Во полуфиналист денеска се промовира и репрезентацијата на Брегот на Слонова Коска со победа од 3-1 во дербито против Алжир. Слоновите ги надмудрија пустинските лисици и со головите на Вилфред Бони, кој беше прецизен двапати и на Жервињо го елиминираа големиот ривал. Противник во мечот за финале ќе им биде селекцијата на ДР Конго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top