По 10 години работа во Гана е затворена ЛАЖНА амбасада на САД, каде меѓу другото биле издавани и лажни американски визи.
Американскиот стејт департмент во соопштение наведе дека со лажната амбасада управувале криминалци од Гана и Турција.
Амбасадата се наоѓала во месноста каде се наоѓа и вистинската амбасада на САД. Пред објектот три дена неделно се веело американско знаме, а внатре била поставена слика од Барак Обама.
Издавање на документи наплатувале по 6.000 долари.
Нивните услуги ги рекламирале и на билборди во Гана, но и во други околни земји. ОСвен визи, издавале и банкарски сметки, школски сведителства и матични документи.
Се наведува дека лажната амбасада непречено работела заради врските со корумпираната администрација во земјата.
Специјалните полициски сили извеле рација и заплениле околу 150 пасоши од 10 држави, вистински и лажни визи од САД, Шенген зоната, Индија, и Јужна Африка, како и фалсификувани документи, лаптопи и мобилни телефони.
Освен за овој случај, постојат сомневања дека во истата област работи и лажна холандска амбасада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.