
Поранешниот десен бек на франуската репрезентација и на Баерн Минхен, Вили Сањол ќе биде именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Гана. Оваа селекција е без селектор, откако по поразот во полуфиналето на Купот на африканските нации, кормилото го напушти досегашниот предводник, Аврам Грант.
Некогашниот тренер на Бордо, Сањол уште минатата година ја посети Гана, каде беше гостин на една од тамошните фудбалски школи. Тој ќе потпише двегодишен договор со федерацијата на Гана и за цел ќе има да ја одведе оваа селекција на Мундијалот во Русија.
Гана во последните десетина години се потпира на странски селектори, а најголемите успеси ги оствари со Милован Рајевац на клупата, кога на Светското првенство во Јужнна Африка играше во осминафиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


