| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Заев е алчен човек

latas500

Мислам дека во Македонија ништо нема да се случи. Премиерот Никола Груевски реагираше како што би реагирал секој нормален политичар што има серозни намери во политиката. Ништо поинаку не би реагирал ниту Бранко Црвенковски, ниту Хари Костов, ни Бучковски кога биле на власт. Исто би реагирал секој политичар кога би дошол да го уценуваш. Ќе те остави малку да види дали си сериозен, па ќе те остави уште малку да заглавиш и ќе ти ги објави уцените и ќе те елиминира од политичката сцена. А суд ако процени дека има кривично дело ќе те елиминира и од слобода. Македонија нема некоја закана. Имала кога овој влегол во филм, одредени месеци бил оставен, заканата е решена. СДСМ сега нека му ја мисли што ќе прави зошто ова е голем блам и сериозна закана за граѓаните. Нека мисли Заев што ќе прави со себе. Ние имаме добра реакција на премиерот, добро решение на политичката опасност што не мора да значи дека нема да дојде друга на друг начин и во друга форма. Оваа политички е решена. Што и да објави СДСм само повеќе ќе заглавува, ќе нанесе омраза кон себе. И тоа ќе биде забава, еден ден ќе дојде суд. Ова политички влегува во мирни води, сега судот понатаму ќе реши што ќе биде. Да внимаваме од идни местенки од овој тип, кои може нема да бидат спроведени низ такви алчни и наивни луѓе како Заев. Човек кој не може афера да спакува да му дадеш држава да води – ова е ставот на уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас за она што може СДСМ да направи со наводната бомба која најавуваше дека ја има.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top