| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд, Меркел и Порошенко со повик за прекин на огнот во Украина

меркел2

Францускиот претседател Франсоа Оланд, германскиот канцелар Ангела Меркел и украинскиот шеф на државата Петро Порошенко упатија денеска заеднички повик за итен прекин на огнот во Источна Украина.

Во телефонскиот разговор тројцата лидери ја разгледале ситуацијата во Украина и изразиле жалење за неуспешните мировни преговори на Контакт групата во Минск, соопшти Елисејската палата.

Во соопштението на француското претседателство се наведува дека тројцата државници инсистираат на итен прекин на огнот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top