| четврток, 6 декември 2018 |

ЛДП кажа збогум на политиката на Жерновски, Милевски нов лидер на партијата

milevski-620x330

Денеска се оддржа 6-тото Собрание на Либерално Демократската Партија. Собранието на ЛДП за нов партиски претседател го избра кандидатот Горан Милевски, а за генерален секретар беше ре-избран досегашниот генерален секретар, Дуфе Кукоски.

Од партијата соопштуваат дека меѓу активностите на Собранието на ЛДП било и усвојување на нов партиски статут, како и две резолуции:

  • Резолуција за поддршка на микро и мали бизниси „Да овозможиме микро и малите бизниси да дишат“, како и
  • Резолуција за доследна одбрана на загрозените права и слободи на граѓаните на Република Македонија.

Покрај собраниските документи, Собранието усвои и посебна изјава по повод вчерашните случувања, која гласи: „ЛДП најостро го осудува начинот на кој владеачката гарнитура и нејзините институции излегоа пред јавноста по повод таканаречениот случај „Пуч“. ЛДП искажува недоверба во капацитетот на институциите да се справат со случај во кој и самите се инволвирани, како и највисоките државни и политички субјекти“.

Собранието на ЛДП исто така додели плакета и на долгогодишниот член, професор д-р Ѓорѓе Марјановиќ за своето децениско залагање за развој на демократијата, плурализмот, како и за неговите заложби Македонија да стане пристојно место за живеење.

 Со ова градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски замина од лидерската позиција во ЛДП. Неговиот мандат заврши. Милевски, еден од оние пратеници во оставка, вели дека тој има намера целосно да ја размрда партијата и да воведе свежина на политичката сцена.
andrej-zernovski-2
„Република“ неодамна објави дека нешто не штима внатре во партијата, за што говорат и коментарите на некои членови на раководството за тоа дали ќе дозволат или нема да дозволат промена на патот по кој сега чекори ЛДП.
Милевски кога ја објави кадндидатурата коментираше и за сопартијката Роза Топузова – Каревска, која, спротивно на одлуката на опозицијата, влезе во собраниската сала.  За Милевски тоа за ЛДП е одлична лекција за во иднина повеќе да се слуша гласот на членството а не мислењето на лидерот.
Но, Топузова-Каревска очигледи не е единствената која не се согласува со политиката на лидерот Андреј Жерновски. Таа беше казнета што имаше свој став за рботите и остана на истиот. Иако ЛДП, согласно својот статут, не можеше да ја исклучи од партијата, Каревска-Топузовска беше исклучена од повисоките орагни на ЛДП. Сега Жерновски не отиде на нов мандат. Наводно причината е посветеноста на градоначалничката функција во Општина Центар. Прашање е дали навистина е така или тоа е само изговор за да се затскрие незадоволството во партијата фактот дека ЛДП не сака да му даде нов мандат. Дали Жерновски сака да продаде приказна дека сам одлучил да не се кандидира за претседател на ЛДП, а всушност знае дека нема шанси, дека таму се крајно разочарани од него и не им паѓа на памет да го реизберат за да си го гледа само својот личен интерес бидејќи го гледаат како арогантен сноп и политикант?!
Жерновски, иако ужива да зборува дека премногу е посветен на Општината, работите на терен не го потврдуваат тоа. Граѓаните на Општина Центар, коментираат дека нивниот градоначалник остварува средби од никакво значење кои подоцна наидуваат на голем потсмев на социјалните мрежи кои се преплавени со коментари за “крупните проекти“ на Жерновски. Дали неговата неспособност е причината поради која останатите сопартијци се откажуваат од него?! Се чини, постои мислење дека гледа само за себе, реални проекти нема. Дали само 2 -3 бизнис ориентирани луѓе од ЛДП имале од него ќар, другите ништо?!
Кога Жерновски е во прашање, јавноста не е изненадена околу неговите “проекти“. Наместо ново училиште во Капиштец, кое беше едно од главните негови ветувања во трката за градоначалник на Општина Центар, Жерновски два пати отвораше една иста улица која уште од самиот почеток беше проследена со низа контроверзии. Ако на ова се додаде дека еден од главните „проекти“ на Жерновски беше и разгледување на три електрични столба, тогаш не треба да зачудуваат коментарите на граѓаните на Општина Центар дека Жерновски може да излезе со најнов проект, дека кивнал.„Република“ во неколку наврти ја објави анализата направена од соопштенијата на кабинетот на Жерновски, според која Жерновски најголем дел од времето во својот мандат го посветил на пресметки и обвинувања кон актуелната власт, а многу мал дел за позитивни теми од кои главна придобивка ќе имаат жителите на општината со која раководи.
Во изминативе 19 месеци како е градоначалник на Општина Центар, од април 2013 година, податоците покажуваат дека Жерновски во јавноста излегол да говори на 183 теми, од кои само 25 теми биле позитивни, а останатите 148 теми биле политички обвинувања и пресметки или несуштински теми кои се несвојствени за еден градоначалник. Од тие 25 теми кои биле позитивни, само неколку се поврзани со суштински проекти за еден градоначалник како што се фасадата на зградата “Папагал”, ново паркче во општина Капиштец, отворањето на Боемската улица и реконструираната фискултурна сала. Останатиот поголем дел од позитивните проекти се најави за проекти или проекти како реализиран отворен ден за граѓани, организирање на Денови на македонскиот мед, најава дека Центар ќе го оживува комплексот Езерце, проект кој се уште не се случил, како и тоа дека учениците во Центар ќе се вклучат во бизнисот со пластични шишиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top