Крилото на Металург, Гоце Георгиевски доби вредно признание за одличните игри на мундијалот во Катар со изборот во иделаниот тим составен од дебитанти.
Тој е најдобро десно крило од ракометарите што сефте настапуваат на Светско првенство, а интересно е што со него се и двајца играчи на Вардар, Дујшебаев на позицијата десен бек и новото засилување на „црвено-црните“ Деревен, како најдобар лев бек дебитант во Катар.
Еве го комплетниот дрим-тим составен од ракометари што за првпат играа на мундијал:
Голман: Гонзало Перез де Варгас (Шпанија)
Лев бек: Александер Деревен (Русија)
Лево крило: Пол Друкс (Германија)
Среден бек: Каламид Малаш (Катар)
Десен бек: Алекс Душебајев (Шпанија)
Десно бек: Гоце Георгиевски (Македонија)
Пивот: Камил Спржак (Полска)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.