| четврток, 6 декември 2018 |

Гоце Георгивски: Сите дишеме како еден!

makedonija rakomet

Македонија ја оствари целта и како третопласирана во групата Б ја избегна Франција, откако во решавачкиот дуел против Исланд одигра нерешено (27-27). Момците на Лино Червар одиграа уште еден исцрпувачки меч, имаа негатива од пет гола, но херојски се вратија и повторно ја израдуваа целата нација. Вечерва десното крило, Гоце Георгиевски, беше незадржлив за исландската одбрана, постигна пет гола, а по мечот изјави:

– Знаевме дека нè чека тежок и неизвесен натпревар против Исланд. Мислам дека покажавме како со срце се игра за една репрезентација. И покрај негативата во вториот дел останавме при себе и мислам дека сосема заслужено стигнавме до овој поволен резултат. Со овој успех атмосферата ќе биде зголемена во нашиот табор и мислам дека сите дишеме како еден,, тоа се гледа на теренот. Немавме многу прилики да ја гледаме Норвешна на овој собри, но дефинитивно се работи за една квалитетна селекција – изјави Георгиевски.

Со ова реми нашите ракометари во осминафиналето ја избегна Франција и в сабота ќе се сретне со второпласираната селекција од групата А, Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top