Репрезентацијата на Македонија игра феноменално прво полувреме во Мец против Шпанија и успеа да го понижи големиот противник со две атракции.
Забавно е да си Македонец во Мец. Два феноменални цепелина изведоа Кире Лазаров и Дејан Манасков, односно Кире Лазаров и Гоце Георгиевски. Шпанците беа во бунило додека нашите „решетаа“, а посебно добар беше првиот цепелин кој изнуди овации.
Дефинитивно, овие два потега на македонските репрезентативци ќе конкурираат за потези на денот на Светското првенство (СП) кое се игра во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)