Министерот за транспорт и врски и шеф на Централниот кризен штаб, Миле Јанакиески повика итно да се евакуира населението кое живее на брегот крај коритото на реката Брегалница во општините Штип, Чешиново-Облешево и Кочани.
Според Јанакиевски станува збор за 20 населени места за кои постои можност да бидат на удар на невремето кое се очекува околу 20 часот вечерва. Вештачкото езеро Калиманци во моментов се прелева со 280 кубни метри во секунда. Денеска Премиерот Никола Груевски, денеска заедно со министрите Јанакиевски и Гордана Јанкуловска се сретнаа со градоначалникот на Штип, Илчо Захариев и ги посетија Ново Село, Кежовица и четвртиот километар каде веќе се излеа Брегалница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.