| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески за ТВ21: Најостро го осудувам бегството на Никола Груевски

Поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески ексклузивно за ТВ 21 вели дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски.

„Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети“.

Јанакиески додава дека не планира да бега од Македонија и дека моментално е во Скопје, најави и појавување на утрешното судско рочиште за предметот „Титаник“.

Тој бара од медиумите да информираат објективно и повика да се престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот.

Екс премиерот и екс Министерот за транспорт и врски се обвинети во неколку предмети од Специјалното јавно обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top