| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската дијаспора реагира: Заев го уценува македонскиот народ и македонската држава

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и Македонското друштво „Илинден“-Тирана огранок Голо Брдо, како и Македонците кои живеат во Данска најостро ги осудуваат постапките на СДСМ и преку соопштенија реагираа и се обратија до целокупната македонска јавност во врска за последните настани што се случуваат во Македонија.

-Мачно и болно е кога во странските медиуми ќе се прочита и ќе се слушне како во Република Македонија некој се обидува со помош на странски разузнавачки служби, како и со уценување и заканување да направи државен удар врз една суверена и демократска држава, велат меѓу другото во своето соопштение Македонците кои живеат во Данска.

– Соцјалдемократскиот Сојуз како најголема опозициона партија во сите овие изминати години не успеа да го подигне својот демократски капацитет и проблемите да ги решава во собранието на Република Македонија како највисок орган во државата. Политиката на закани и уцени е удирање по основните фундаменти на демократското општество која што најголема бенифиција ќе им донесе на непријателските структури кои работат на непризнавање и уништување на македонскиот нацијонален идентитет, на уништување на македонскиот јазик, македонската култура на македонското постоење, се вели, пак во соопштението на Македонците кои живеат во Албанија.

Според нив лидерот на СДСМ Зоран Заев на недоличен начин со уцени и закани го уценува не само државниот врв туку и македонскиот народ.

– Лидерот на најголемата опозициона партија наместо  своите легитимно избрани пратеници да ги внесе во светилиштето на демократијата, Собранието на Република Македонија, на нај недоличен начин со уцени и закани, под директива на тајни странски служби кои работат на уништување на нашата татковина,  го уценува целиот легитимно избран државен врв, го уценува македонскиот народ.

Од македонските друштва во Тирана “Илинден” и  “Илинден”- Огранок Голо Брдо сметаат дека таквото недржавничко однесување, таквиот манипулативен однос кон сопствениот народ, треба да бидат санкционирани согласно уставот и законите на Република Македонија.

– Ние македонците кои живееме во Република Албанија апелираме до сите граѓани на Република Македонија да бидеме сплотени, да бидат единствени и да не потклекнат на провокациите сервирани од страна на СДСМ и нивниот лидер, се наведува во соопштението.

– Би сакале да го потсестиме господинот Заев дека времето на социјализмот и комунизнмот одамна помина и дека единствен начин на кој тој може да дојде на власт е  на избори на кои граѓаните ке се изјаснати при учество во парламентот на Република Македонија. Низок е ударот на лидерот на нашата опозиција, која преку странски тајни служби сака да ги потцени граѓаните на Република Македонија како и сите македонци кои живеат во дијаспората, се вели во соопштенијата на нашите сонародници од Данска.

Во време кога ние како Македонци сме изложени на постојани искушенија од страна на нашиот јужен сосед и кога со сите сили се бориме да го зачуваме нашето име, јазик, идентитет и достоинство, реагираат Македонците кои живеат во Данска, несмасно е од страна на г-динот Заев да се служи со ваква валкана игра поигрувајќи си со националните чувства на македонскиот народ.

– Покрај тоа што ваквата алчност за власт е на штета на целата наша држава, ова исто така е потценување и на членовите и симпатизерите на СДСМ, кои со овие дејствија на Заев стануваат негови заложници во борбата за власт. Со оваа обраќање, сакаме да им ја искажеме целата поддршка на државните и правните институции за целосно расветлување на овој немил случај за Република Македонија, посочуваат од Македонската заедница во Данска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top