Стотина патници утрово беа завеани на Буково, објави „Охриднет“. Шопинг турата за Солун со ТА Теотравел се претвори во кошмар. Околу 2 часот утрово на превојот Буково на патот од Битола кон Охрид автобусите ги попречија излизгани шлепери. Десеттината сантиметри снег повторно ги изненадија надлежните. Да биде иронијата поголема никој од надлежните не им пружи помош на заглавените.
-Се јавивме во Центарот за управување со кризи два часа ветуваа помош, но никој не дојде. Единствено полиција која не можеше да направи ништо. Во автобусот имаше и деца беше прав кошмар. На крајот на последниот повик на бројот за помош 195 ни кажаа дека никој не сакал да ризикува и да дојди на Буково. Бевме препуштени сами на себе. Една патничка го повика сопругот со кола да ја земе и прва како најхрабра го напушти автобусот, пешачејки во планина во мрак за да ги помина извртенните шлепери. Кога видовме дека патот е прооден сите повикавме такси и заминавме од автобусот, вели еден од патниците за Охриднет.
– Најголемата наша среќа е што снегот престана да врне па почна силен дожд. Благодарение на Бог успеавме да се пробиеме и со возила да ја напуштиме планината. Се прашуваме каде е Македонија пат, зошто и при пет сантиметри снег се воведува забрана за движење, кој ги пушти шлеперите да патуваат ако има забрана, каде е Кризниот штаб, каде е Центарот за управување со кризи, до кога вака ќе се однесуваат надлежните, прашуваат револтираните патници.
фото: Охриднет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.