| четврток, 6 декември 2018 |

Поплавена улицата која води до најпознатите охридски кафетерии поради неисправен одводен систем (галерија)

Улицата „Коста Абраш“, кој а води крај езерото во строгиот центар на Охрид, ноќеска повторно била поплавена и претворена во езерце, јавува „Охрид 1“. Одводниот систем нема капацитет да ја дистрибуира водата и при секој поголем дожд на оваа улица се поплавуваат најпознатите охридски кафетерии и ресторани кои еден до еден се наоѓаат токму на овој потег.

1922171_10205204057215295_2271751741082249467_n

Заради конфигурациајта на теренот, овде се излева и фекалната канализација што претставува дополнителен проблем.

10922721_10205204058655331_1661040004924989304_n

Некои од нив поплавувајќи се со години веќе сами развија одбрамбен механизам и пред вратите ставиле дрвени конструкции кои треба да служат како мостови за да може да се влезе во објектите.

Фото: „Охрид 1“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top