Утрово во малопродажната мрежа низ Охрид не се доставени леб и печива од половината производители и добавувачи кои го снабдуваат градот, објави „Охрид 1“. Рафтовите во маркетите останаа празни бидејќи до Охрид не стигнал лебот кој се произведува во Скопје и Прилеп, а не е дистрибуиран леб и од еден од најголемите производители на леб во градот.
Повторно се појавија проблеми и со снабдувањето со електрична енергија, бидејќи селата и голем дел од урбаната зона на Охрид останаа без струја, а граѓаните кои живеат во висококатници и се грејат на струја јавуваат во медиумите дека и ноќеска мрзнеле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.