Партизан триумфално мина низ Скопје и го победи македонскиот првак МЗТ Скопје со 63-55. Во неизевесен меч гостите од Белград ги разрешија сите дилеми во финишот на мечот и останаа во игра за настап во завршницата на Јадранската лига.
По 20 кола со биланс 13-7 Партизан е на четвртата позиција, последна што гарантира настап на завршнито турнир за титулата, а МЗТ Скопје го забележа 14-от пораз.
Македонскиот првак е на дванаесттата позиција во конкуренција на 14 екипи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.