| четврток, 6 декември 2018 |

Пријава за лицето З.З. за сторено кривично дело „шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи

Zaev izjava PUC (4) (Custom)

Денес е поднесена кривична пријава за неколкумина лица, меѓу кои и за лицето ЗЗ за сторено кривично дело „шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи – изјави премиерот Никола Груевски по обелоденувањето на аферата „Пуч“ во која четири лица се осомничени дека преку употреба на незаконски средства на следење и шпионирање со упатување сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

Тој додава:

Со делата и постапките се прави сериозна штета за државата, се работи за креирано сценарио на кое сите вие сте сведоци од самиот негов почеток, во кое на крај цела држава требаше да биде заложник.Свесен сум дека многумина ќе речат дека можеби оваа наша постапка не требаше да ја направиме, посебно зашто целата јавност е свесна дека овој човек е најпосакуваниот можен политички противник и партиски гледано најмногу ни одговара тој да продолжи како што си почнал. Но има некои работи кои ниту еден одговорен човек и политичар во светот не смее и не може да ги игнорира и остава на страна. Таква работа е интересот на државата.

Инаку Заев е четвртоосмничен во случајот „Пуч“. Првоосомничен е Зоран Верушевски, потоа неговата сопруга и вработен во Општина Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top