Поранешниот републикански кандидат за американски претседател, Мит Ромни, денеска изјави дека нема да се кандидира на следните избори за Белата куќа.
-По размилсувањето дали да влезам во уште една претседателска трка одлучив дека е најдобро на други лидери во партијата да им дадеме шанса да станат наш иден кандидат, рече Ромни, пренесоа француските медиуми.
Тој истакна дека верува дека некој од се уште неафирмираните лидери од новата генерација републиканци може да биде подобар кандидат кој ќе го победи демократскиот конкурент.
Пред две недели Ромни на донаториите им изјави дека е заинтересиран за уште една претседателска трка, кажувајќи дека верува дека може да победи, но во меѓувреме се премисли и се откажа од кандидатурата.
Како можен кандидат на републиканците се споменува гувернерот на Флорида, Џеб Буш, помладиот брат на поранешниот претседател Џорџ В, Буш и син на некогашниот претседател Џорџ Буш, со кого Ромни наводно се судрил околу учеството на изборите.
Ромни беше кандидат на републиканците на изборите во 2012 година кога Барак Обама го освои својот втор претседателски мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


