| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пораз на ЖРК Вардар во лигата на шампионите, овојпат од Лајпциг на гостински терен

Во првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната во Лигата на шампионите во женска конкуренција во новоформираната група 1 македонскиот шампион ЖРК Вардар загуби на гостински терен од Лајпциг со 26-23.

vardar-turinger-8

Овој пораз ги враќа чекор назад избраничките на Индира Кастратовиќ во повторувањето на минатогодишниот успех, пласман на фајнал-фор турнирот и освојување на третото место во Будимпешта.
Вардарки сепак добро го отворија натпреварот и по половина од првото полувреме имаа предност од 6-4. Наместо да се дотолчи противникот, на неколку пати беа промашувани чисти зицери односно фантастичната голманка на Лајпциг Шулке многу лесно ги скротуваше ударите на Пенезиќ, Лазовиќ, Лекиќ, Зебиќ, Радичевиќ…

shulke

На крилата на својот голман играчките на Лајпциг многу лесно ја стигнаа негативата за подоцна дојдат и до посакуваната предност над фаворитот во овој натпревар и на полувремето заминат со предност од три гола 13-10.
Во второто полувреме „црвено-црните“ ги консолидираа редовите но немаа завршен удар кон голот на домаќинките за да се дојде до целосен пресврт.
Скапиот состав на Сеггеј Самсоненко мора што поскоро да ги консолидира редовите и да почне да игра онака како што и доликува на една ваква екипа.

ЖРК Вардар следниот меч го игра на домашен терен, следната сабота против словенечкиот состав Крим, предводен од Македонката Мирјета Бајрамовска и поранешната ракометарка на „вардарки“, Алисон Пино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top