Францускиот ветерен на голот ракометната репрезентација Тјери Омејер буквално сам ги однесе своите соиграчи во финалето на светското првенство во Катар. Предмалку во епски натпревар ви финале пред финалето големите ракометни гиганти Франција и Шпанија го одиграа второто полуфинале на кое заслужено се радуваа ракометарите на Франција победувајќи со 26-22. Најдобриот голман на светот со години наназад успеа да одбрани дури 20 шута кон неговиот гол од кои дури четири од линијата од седум метри. Омејер лошо го започна натпреварот бидејќи во првите 12 минути не успеа да фати ниту еден шут кон неговиот гол. Селекторот на Франција Клаудио Онеста имаше доверба во својот најдобар играч и го остави меѓу стативите, а овој му возврати со пласман во финалето.
Актуелниот светски шампион Шпанија утехата за бара во малото финале против селекцијата на Полска.
По почетните 6-6 Франција успеа да се одлепи со серија од четири гола (10-6) и со тоа да ја направи клучната разлика на натпреварот. Искуството што го имаат „галските петли“ во своите раце не дозволи Шпанија да се врати во ниту еден момент во натпреварот и со тоа да ја загрози победата. Гранитната одбрана во вториот дел беше тешко пробојна за „црвената фурија“.
Франција во неделното финале против домаќинот Катар ќе се обиде да ги обедини трите титули од големите натреварувања, Европското првенство, Олимпијадата и Светското првенство.
Со победа на Франицја во финалето, ќе се отворат вратите и за македонската репрезентација за квалификациите за олимпијадата во Рио 2016 година.
Во натпреварот за петтото место ќе се сретнат екипите на Хрватска и Данска откако и двете денеска славеа убедливи победи над. Хрватска беше поуспешна од Германија со 28-23, додека Данска во натпревар со многу голови славеше победа над Словенија со 36-33. Данска и Словенија ќе се борат за седмото место.
Финалето ќе се одигра во недела со почеток од 17.15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




