| четврток, 6 декември 2018 |

Руско име за бебето на Шакира и на Пике

Лионел Меси со своите следбеници на „Твитер“ го откри името на вториот син на неговиот соиграч од редовите на Барселона, Жерар Пике, и на колумбиската пејачка Шакира, кој вчеравечер се роди во Барселона. По српското име за првиот син  – Милан, Шакира и Пике одлучија на своето второ чедо да му доделат руско име.

Нивното синче ќе се вика Саша, што, како што објасни Пике, на руски значи заштитник на народот.

Колумбиската пејачка вчеравечер со закажан царски рез се породи во Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top