| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Жарко Башески во Париз

Во престижната галерија ,,Хелен Нугаро” која се наоѓа во непосредна близина на Богородичната црква во Париз, во присуство на најзначајни имиња на француската култура беше отворена изложбата ,, Адам и Ева – нов почеток” на македонскиот скулптор Жарко Башески.

DSC_0091
Изложбата е во рамките на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, SEE a Paris, кој се одржува под покровителство на УНЕСКО и предизвика интерес на неколку национални музеи за модерна уметност од различни европски центри чиишто кустоси се појавија на свеченото отворање. На свеченото отворање се обратија г–ѓа Хелен Нугаро, францускиот писател Жан-Марк Нател и македонскиот писател и ректор на ЕСРА, Јордан Плевнеш.
Во чест на изложбата на Башески, актерите на парискиот театар ,,Ескалиер” презентираа извадоци од пиесата ,,Последниот маж, последната жена” од Јордан Плевнеш. Изложбата е отворена до крајот на февруари.
 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top