| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Дамјановски со историска А норма патува на ОИ во Сочи

damjanovski-golema

Македонскиот нордиец Дарко Дамјановски успеа да ги собере потребните ФИС точки што му донесе учество на Зимските олимписки игри, кои наредната година ќе се одржат во рускиот град Сочи.

Дамјановски е првиот Македонец кој ќе настапи на Зимската олимпијада со А лиценца, откако досега сите наши претставници настапувале со Б лиценца. Тој ги обезбеди потребните ФИС точки на трките во Латвија и на Мавровскиот Меморијал, додека постигнувањето на А лиценцата ја обезбеди со 65. место на денешната трка, која се одржа во скијачкиот центар Тоблач во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top