Дарко Дамјановски е првиот македонски спортист кој што ја обезбеди „А” нормата за настап на Зимските Олимписки игри во Пјонгјанг, во Јужна Кореја.
Нашиот најдобар нордиски скијач, на патеката долга пет километри на Мавровскиот меморијал освои 90 точки и забележа време од 20.44,5 минути, со што на крајот се најде на четвртата позиција во генералниот пласман. Сепак, пласманот практично и да беше ставен во втор план, бидејќи Дамјановски ја исполни зацртаната цел.
– Секако дека сум задоволен, ова е четврта Олимпијада во кариерата. Остварувањето на нормата беше моја цел и ете успеав да го сторам тоа – изјави Дамјановски.
За него ова ќе биде четврти настап на Зимските Олимписки игри. Претходно тоа го стори на игрите во Торино (2006), Ванкувер (2010) како и последните во Сочи, 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.