| четврток, 6 декември 2018 |

Бразил: Возат велосипед за да ја намалат казната во затвор

brazilsko-zname-228x228

Во Бразил има затвор во кој осудениците можат да возат на статички велосипеди и така да произведуваат струја, а во замена за таа активност добиваат намалување на затворската казна.

Во земјата која има проблем со пртрупаните затвори и високата стапка на криминал, властите на сојузната држава Минас Жераис се одлучиле за овој проект  со цел од една страна да го подобрат снабдувањето со струја локалниот град, а од друга страна да ги смират затворениците и да им дадат шанса порано да излезат на слобода.

За секои три дена во текот на кои и по осум часа возат велосипеди, затворениците добиваат по еден ден скратување на казната. Струјата која ја произведваат се користи за улично осветлување во градот Санта Рита.

Програмата е оценета како еколошки прфатлива и хумана, и како начин да се подобри рехабилитацијата и на затворениците да им даде шанса да се ресоцијализираат бидејќи во времето кога возат велосипед не се занимаваат со незаконски затворски активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top