Хаир Болсонаро, водечкиот претседателски кандидат во Бразил, вчера беше избоден со нож за време на конвенција. Неговиот син соопшти дека раната не е опасна по живот.
Бројните снимки на социјалните мрежи прикажуваат како Болсонаро, чија изборна програма опфаќа и намалување на стапката на криминал во најбројната јужноамериканска држава, е прободен во долниот дел на стомакот.
Pelas ruas de Juiz de Fora MG nesta tarde,Bolsonaro foi cruelmente esfaqueado por um ESQUERDISTA fdp
Nesse momento não pensamos em política,apenas na recuperação de nosso capitão Jair Messias Bolsonaro
Força capitão @jairbolsonaro
#JuizdeFora pic.twitter.com/mzDnu5zNtC
— Francisco JB 17
GAB @franciscomacsoa (@franciscomacsoa) September 6, 2018
Полицискиот портпарол Флавио Сантијаго потврди за Асошиејтед прес дека Болсонаро бил прободен и дека напаѓачот е фатен. Тој додаде дека Болсонаро е во болница и дека е во добра состојба.
Болсонаро, поранешен воен офицер, е прв според популарноста во анкетите, пред поранешниот левичарски претседател Луис Инасија да Силва, кој е во затвор, но во тек е жалбена постапка. Инаку, Болсонаро со носталгија зборува за периодот на воената диктатура од 1964 до 1985 и ветува дека владата ќе ја наполни со сегашни и поранешни воени лидери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.