| четврток, 6 декември 2018 |

За една година во државната кардиохирургија се направени 36 операции

операција

Државната кардиохирургија направи една година од основањето и ги даде планираните и очекуваните резултати. Амбулантата на Клиниката работи со закажување во системот „Мој термин“ и досега се извршени околу 100 прегледи. Покрај амбулантата во полна функција е извршувањето на кардиохируршките интервенции, истакна заменик министерот за здравство Јовица Андовски одговарајќи на пратеничко прашање.

– Досега има изработено, заклучно со вчера, 36 кардиохируршки интервенции успешни операции и има над 10 пациенти коишто конзервативно се третирани. Кај дел од овие пациенти се направени исклучително интервенции кои првенствено се значајни за здравјето на пациентите и враќањето на нивната нормална работоспособност. Сите се успешно оперирани со уреден постоперативен тек, рече Антовски и додаде дека за 2015 година се предвидува во Клиниката да се изведат 150 кардиохируршки операции, а во план е да се отпочне оваа година со васкуларна хирургија.

Информираше дека во план е со градежниот дел да се заврши до средината на месец февруари  оваа година и дека ќе биде поставена целосно опремата која што е веќе набавена.

– Досега се вработени 41 здравствен работник и соработник, како и административно технички работници. Едукација на здравствени работници се одвива  во континуитет и тоа во соработка со реномирани меѓународно признати кардиохируршки центри како што е кардиохируршкиот центар во Рим, во Швајцарија, во Србија – истакна Андовски. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top