Покрај инвестирањето во здравствената инфраструктура, како и досега, продолжуваме да инвестираме и во нова медицинска опрема, имајќи предвид дека тоа се едни од главните носечки столбови на секој квалитетен здравствен систем. Токму во таа насока, предвидуваме една исклучително значајна инвестиција во нова опрема, а тоа е формирање хибридна сала во рамки на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија. Ова е крупна инвестиција од околу 2 милиони евра, со што Клиниката за кардиохирургија ќе добие комплетно опремена хибридна сала, која ќе биде единствена од ваков тип во поширокиот балкански регион, сè до Будимпешта, каде што неодамна се отвори ваква сала – посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој денеска промовираше нови проекти во здравството.
-Целта е со формирањето ваква сала да овозможиме комплетен третман на пациентите на едно место, без да се упатуваат на други клиники, имајќи предвид дека станува збор за комплексни случаи кои наметнуваат интердисциплинарен пристап. На пример, кај некои пациенти е потребно да се примени и кардихируршки зафат и одредена процедура од интервентна кардиологија, што значи наместо како досега да се упатува пациентот од една на друга клиника, ќе биде комплетно третиран во хибридната сала, што ќе значи олеснување и за медицинскиот кадар и, пред сè, за пациентите. Во иднина, оваа сала би можела да се користи и од други специјалности, кои, исто така, бараат еден посложен и покомплексен пристап во третманот, како, на пример, неврохирургијата. Хибридната сала ќе даде високо софистицирани можности за работа и комплицирани оперативни зафати – посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоцијата на нови проекти во здравството.
Инаку, побрзото закрепнување на пациентите по третман во хибридната сала, истовремено значи и помал број на болнички денови. Намалувањето на бројот на болнички денови е значаен бенефит и за пациентот како работоспособен кадар кој побрзо ќе се врати на секојдневниот начин на живот, а воедно значи и заштеда за здравствениот систем, со што овие средства може да се пренаменат за други инвестиции во здравството. На пример, кај одредени интервенции во ваков тип сала, пациентот по само неколку часа од интервенцијата веќе е подвижен и активен, а за неколку дена веќе да биде пуштен дома. Значајно е што оваа сала овозможува комбиниран пристап од страна на медицинскиот тим, при што може во еден дел пациентот да се реши со мал хируршки рез, а во дел да се стави стент. Во хибридна сала може да се третираат и исклучително тешки случаи, како, на пример, случај на раслојување на аортата, кој во светски рамки се оперира со 40% смртност, а во хибридните сали како најсовремен дострел на кардиохирургијата се оперираат со најниска смртност од само 1% – посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоцијата на нови проекти во здравството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер