За две години тимот на државната кардиохирургија направил 446 операции. Повеќето биле интервенции на отворено срце. Изведени се и хируршки зафати по најновите методи во оваа област.
Минимално инвазивно вршиме замена на аортната вавула, а во блиска иднина се подготвуваме на минимален инвазивен пристап кон реконструкција на залистот кој се наоѓа меѓу левата преткомора и комора, истакна проф.д-р Сашко Јовев, Државна кардиохирургија.
Гостин на државната кардиохирургија деновиве е токму основоположникот на една од техниките кои се применуваат во лекувањето на пациентите со срцеви заболувања. Операциите со таквата метода се со мал рез.
-За секоја држава е многу важно да има јавна кардиохирургија бидејќи јавното здравство е отворено и достапно за секого и во секое време, а и некои од најсложените зафати како итни случаи најчесто се прават во јавното здравство, рече проф.д-р Антонио Мариа Калафиоре, италијански кардиохирург.
Познатите италијански кардиохирурзи се оптимисти дека во блиска иднина се повече пациенти со болести на срцето ќе се одлучуваат за операции токму на Клиниката за државна кардиохирургија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.