| четврток, 6 декември 2018 |

„Црвените ѓаволи“ подготвија понуда, се чека одговор од „милионерите“

Долго време се зборува дека Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за услугите на централниот дефанзивец на Борусија Дортмунд Матс Хумелс. Германскиот репрезентативец е стопер по вкусот на Луис Ван Гал и по информациите кои стигнуваат од островото управата на клубот му одобрила буџет во висина од 37 милиони фунти за да го доведе во своите редови.
Германскиот весник Билд пишува дека Борусија би се сложила да го продаде Хумелс токму поради падот на еврото во однос да фунтата и да заработи повеќе од продажбата.
Сепак, истиот извор наведува дека трансферот би се случил на лето бидејќи големите трансфери не се прават во зимскиот преоден рок, а со тоа и ќе им помогне на „милионерите“ да се изборат за опстанок оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top