
Во големите и познатите музеи низ светот некои од најзначајните ремек-дела се скриени од очите на јавноста, па се поставува прашањето зошто тие не можат да се видат, пишува „Би-би-си“.
Бројките не лажат. Во Музејот на модерна уметност во Њујорк само 24 дела од 1.221 на Пабло Пикасо се во постојаната поставка и посетителите можат да ги видат. Само едно од 145 дела на концептуалниот уметник Ед Раш е изложено во јавноста, а од Хуан Миро од 156 дела, може да се видат само девет.
Ѕидовите на галериите „Тејт“, потоа на „Лувр“ или на „МоМА“ изгледаат совршено украсени, но поголемиот дел од уметничките дела, кои им припаѓаат на најзначајните уметнички институции, се далеку од очите на јавност.
Се проценува дека во „Тејт“ се прикажува само 20 проценти од тоа што го има оваа галерија, во „Лувр“ само осум проценти, „Гугенхајм“ три, а во Берлинската галерија може да се види само два процента од тоа што го имаат.
Берлинската галерија има околу 6.000 скулптури и слики, 80 илјади фотографии и 15 илјади отпечатоци.
– Немаме простор да претставиме повеќе делови – вели директорот на галеријата Томас Колер и објаснува дека музејот, иако има околу 1.200 квадратни метри простор за излагање, тоа не е доволно да се изложат сите дела.
Не е само просторот една од причините да се не излагаат сите важни дела. Некои дела не се вклопуваат во идејата на кустосот, а помалку познатите дела на познати уметници пропаѓаат, бидејќи нивните врни дела веќе ги украсуваат ѕидовите.
Лондонската Национална галерија користи двоен систем за изложување на сликите и така го зголемува бројот на слики кои се изложени. Музејот „Албертина“ во Виена има повеќе од еден милион стари и оригинални артефакти и веројатноста дека ќе бидат изложени е многу мала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


