Парискиот музеј „Лувр“ е најпосетуваниот музеј на уметноста во 2012 година, според листата што ја објави британското списание „Арт нузпејпр“.
Во текот на изминатата година „Лувр“ го посетиле 9,7 милиони луѓе, што е за еден милион повеќе од 2011 година. За поголемата посетеност придонесе и отворањето на новиот дел на музејот посветен на исламската уметност. „Лувр“ од 2007 година ја држи титулата на најпосетуван музеј на светот.
На второ место е њујоршкиот музеј „Метрополитен“, а следуваат Британскиот музеј, „Тејт модерн“ и Музејот „Викторија и Алберт“, сите од Лондон. Големата посетеност на лондонските музеи се должи на големиот број туристи поради одржувањето на Олипмиските игри.
Изненадеувачки ниту една од 20-те најпопуларни изложби не се одржала во некој од овие пет музеи.
Најпопуларна изложба во 2012 година била „Изложбата на холандските мајстори“ во токискиот „Метрополитен“, која од јуни до септември ја посетувале по 10.000 луѓе дневно, а на второ место е „Амазон: циклус на модерноста“ во Културниот центар на Рио де Жанеиро, која ја посетиле речиси 8.000 посетители дневно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


