| четврток, 6 декември 2018 |

Семинар за пристапност во музеите „Музеј за сите“ во Порта Македонија

На 22 јуни (петок) со почеток во 11.00 часот, во Порта Македонија ќе биде одржан семинарот за подобрување на пристапноста во музеите „Музеј за сите“.

Семинарот, во организација на МНК ИКОМ и НУ Музеј на македонската борба, е наменет за македонските музејски професионалци и подобрување на пристапноста, инклузивноста и ефикасното надминување на различните бариери кои институциите ги имаат кон различните категории посетители – особено лица со физичка и интелектуална попреченост.

На семинарот ќе може да се слушнат идеи и препораки од неколку експерти од регионот, а ќе бидат пренесени и македонските искуства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top