| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел со ултиматум до новата грчка влада

0000252679-article2

Германската канцеларка Ангела Меркел ѝ постави ултиматум на новата грчка влада, барајќи од неа да ги потврди обврските на Грција во рамките на нејзината спасувачка програма.

На седница на парламентарната група на Демохристијанската унија, Меркел потсетува дека спасувачката програма на Грција истекува на крајот на февруари. Таа, исто така, истакнала дека последната транша од заемите за земјата не е исплатена и дека ќе биде деблокирана само ако Грција ги почитува обврските.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top