Федералниот суд во Њујорк покрена обвинение против тројца Руси поради шпионажа, соопштија денеска американските власти.
Тројцата обвинети се товарат дека разговарале во шифри, пренесувале пораки скриени во чанти и списанија и се обидувале да регрутираат луѓе од њујоршкиот универзитет, соопштија американскиот министер за правда Ерик Холдер, американскиот обвинител Прит Барара и претставници на ФБИ.
Еден од обинетите Јевгениј Бурјаков бил вработен во филијала на руска банка на Менхетен, а другите двајца Игор Спорјушев и Виктор Подобњи биле дипломати од понизок ранг.
Портпаролот на руската мисија во Обединетите нации, Алексеј Зајцев изјави дека дека руската страна засега нема никаков коментар.
– Овој случај ја покажува нашата цврста определност да се бориме против обидите на тајните агнети незаконски да собираат разузнавачки податоци и да регрутираат шпиони во САД – нагласи Холдер во соопштение.
Во обвинението се наведува дека руските власти барале од обвинетите да собираат чувствителни економски разузнавачки податоци за евентуалните американски санкции против руските банки и напорите на САД да развиваат алтернативни извори на енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ФБИ го прислушувале адвокатот на Трамп
-
Директорот на ФБИ „стои зад вработените“ по објавувањето на доверливиот меморандум
-
Нуклеарните централи на САД под опасност од хакерски напад
-
Претседателот на „Џудишал воч“ тврди: Директорот на ФБИ несоодветно ја штитеше Клинтон и од последиците на криминално однесување